Денеска врнежливо и облачно време
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Пообилни врнежи ќе има во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне врнежите ќе ги има повеќе на истокот, ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси. До крајот на денот атмосферата ќе се стабилизира.
Минималната температура од 11 до 18, а максималната од 21 до 27 степени. УВ=5
Во Скопје променливо облачно, претпладне и околу пладне со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен југозападен ветер. Температура: 17 / 26 степени.
Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот (максималната температура ќе достигнува од 30 до 35 степени). Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости