Македонија
30. јуни 2016 - 8:26

Денеска сончево, од утре повторно невреме

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. 

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура до 16, дневната ќе достигне до 35 степени.

Во петок и во деновите од викендот ќе биде уште потопло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.