Денеска протест на ВМРО-ДПМНЕ, посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека поради денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците на центарот на Скопје.
Во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот.
Од 17.00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Влада. Од тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот“, стои во соопштението на полицијата.
Од МВР преку соопштението испратија апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
