Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ

Ратко Младиќ, некогашниот командант на Војската на Република Српска, кој почина во Хаг служејќи казна доживотен затвор за геноцид и воени злосторства, ќе биде погребан денеска на белградските Топчидерски гробишта.
Неговото тело ќе биде изложено во црквата Свети Лука на Видиковац од 7 до 12 часот, кога ќе почне опелото.
Српските медиуми утрово јавуваат дека илјадници граѓани веќе чекаат пред црквата Свети Лука за да му оддадат почит на Младиќ. Граѓаните чекаат во ред за да влезат во црквата во која е изложен ковчегот со телото на Младиќ и продолжуваат да пристигнуваат во просторот околу црквата.
Членот на тимот за организација на погребот, Светозар Андриќ, претходно за агенцијата СРНА изјави дека потоа ќе се формира колона која ќе го испрати Младиќ до Топчидерските гробишта, каде што ќе биде погребан покрај ќерката Ана.
Некогашниот командант на Војската на Република Српска, осуден за воени злосторства и геноцид во Сребреница, почина на 27 август, во 84-та година од животот, во затворската болница во Хаг.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
