Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Денеска и утре, поради празникот Водици во Грција, според најавите, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и сообраќајот се очекува да се одвива непречено, како што беше случај за Божиќ и за Нова година, со цел да се олесни патувањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина,
Од друга страна, на граничниот премин Ники (Меџитлија), како што информираа од АМСМ, од 9 часот во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, а ден подоцна, на 1 декември земјоделците од северна Грција нивните трактори ги паркираа на граничниот премин Евзони и секојдневно, на неколку часа го блокираа сообраќајот од и кон нашата земја за сите возила, со исклучок на деновите пред и по Божиќ, Нова година и сега за Богојавление, како што е случај со сите блокади низ цела Грција.
Во неделата, претставници на земјоделците од сите блокови на состанокот одлучија 48-часовна блокада во цела Грција, односно в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци, како и граничните премини.
Според информациите на МИА, земјоделците од Евзони ќе учествуваат во конкретните 48-часовни активности, но планираат в среда да одржат состанок за да донесат одлука за видот на блокадата, односно дали граничниот премин ќе биде затворен два дена само за камиони или за сите возила.
Сепак, откако владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите соопшти дека „в среда наутро Владата ќе ги соопшти, во суштина ќе ги прецизира мерките што веќе се најавени“, земјоделците очекуваат да ги чујат овие мерки, па потоа ќе излезат со став, дали ќе одговорат позитивно и ќе ги прекинат протестите или пак ќе продолжат со планираната 48-часовна блокада.
МИА
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
-

16-годишно девојче од Скопје пријавено за исчезнато, пронајдено во стан во Гостивар
