Денеска ги славиме светите маченици - браќа по тело, дух и занимање

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 август.
Денеска е Упокојување на преподобен Јован Рилски.
Потекнуваше од околината на Софија. Се подвизуваше на планината Рила, живеејќи во едно шупливо дрво, далеку од очите на светот. А кога некои овчари по Божја промисла го пронајдоа, тој му стана светилник на светот па многумина доаѓаа кај него за секаква помош. Забележено е дека и бугарскиот цар Петар одел кај него да се советува. Се упокои мирно на 18 август 946 година. Неговите мошти беа пренесени прво во Софија, па во Унгарија, па во Трново и најпосле во Рилскиот манастир, каде што се наоѓаат и денес.
Денеска е Св. маченици Флор и Лавр.
Флор и Лавр беа браќа, христијани, по занимање каменоресци. Живееја во вториот век во Илирија. Во една прилика беа повикани да изградат незнабожечки храм. Но, кога го завршија храмот, на врвот поставија крст и на сеноќно бдение го осветија според христијанскиот обичај. Кога Илирискиот намесник слушна за тоа погуби многумина од христијаните што учествуваа ва осветувањето, а браќата Флор и Лавр ги фрли во еден бунар и ги затрупа со песок. Подоцна моштите им беа пронајдени и пренесени во Цариград.
Ново на Сител
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
