-->
-->
Денеска е Задушница, се оди на гробишта и се палат свеќи за покој на душите
-->

Православната црква и верниците денеска ја одбележуваат Митровденската или есенска Задушница, која секогаш паѓа во сабота, во очи големиот празник Свети великомаченик Димитрија- Митровден, кој се слави на 8 ноември.
На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.
На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.
На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.
Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Младите и социјалните мрежи
-

Преглед на вестите од светот
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
