Македонија
31. August 2019 - 8:49

Денеска е Упокојување на преподобен Јован Рилски

Денес се празнува и свети пустиножител Јован Рилски. Потекнуваше од околината на Софија. Се подвизуваше на планината Рила, живеејќи во едно шупливо дрво, далеку од очите на светот. А кога некои овчари по Божја промисла го пронајдоа, тој му стана светилник на светот па многумина доаѓаа кај него за секаква помош. Забележано е дека и бугарскиот цар Петар одел кај него да се советува. Се упокои мирно на 18 август 946 година. Неговите мошти беа пренесени прво во Софија, па во Унгарија, па во Трново и најпосле во Рилскиот манастир, каде се наоѓаат и денес.