-->
-->
Денеска е Св. свештеномаченик Јануариј и други
-->

Историската сцена на која се појавува овој свештеник и маченик е Римската империја и времето на владеењето на Диоклецијан. Во тоа време Јануариј бил епископ во Италија, во Кампања. Јануариј бил изведен на суд заедно со некои други христијани од локалниот управник Тимотеј, а потоа испратен во град Путеол. Таму христијаните требало да бидат предадени на yверовите, за развеселување на локалната градска толпа. Но, како и во времето на Даниил, наместо храна, гладните ѕверки во овој човек видоа светилник на светот, па дојдоа до него и се умилкуваа. Поразен од ова, управникот ги изведе Јануариј и останатите христијани надвор од ѕидините на Путеол и ги обезглави. Моштите на овој свет епископ беа подоцна пренесени во Неапол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
