Денеска е Св. маченик Нестор
Светиот маченик Нестор
Ова момче живееше во Солун во времето на страдањата на свети Димитриј. Од него и се научи на Христовата вера. Во тоа време во Солун имаше некој гладијатор Лиј, миленик на цезарот Максимијан, кој секој ден повикуваше некого на мегдан и откако ќе го победеше во борење, го фрлаше да се надене на исправени копја. Сето тоа ги веселеше грубите римски нарави. Не можејќи да го гледа тоа повеќе, младиот Нестор го предизвика Лиј и, откако јавно го повика на помош Богот на Димитриј, го победи. Лиј заврши врз истите копја на кои секојдневно наденуваше по некого. Цезарот многу се разгневи и нареди на Нестор да му ја отсечат главата, а Димитриј да го избодат со копја. Свети Нестор пострада, заедно со свети Димитриј, во 306 година.
Преподобен Нестор Летописец
Во својата седумнаесетта година стапи во Киево-Печерскиот манастир, уште додека беше игумен Св. Теодосиј. Ја напиша првата историја на рускиот народ, во којашто ја вплете и историјата на руското подвижништво. Се одликуваше со необично смирение и кротост. Во своето славно книжевно дело често се нарекува себеси недостоен, груб, незнајко, преисполнет со секаков грев. Но Бог Којшто ги познава човечките срца, го прослави овој свој прекрасен угодник. Кога Нестор се упокои, на 27 октомври 1114 година, од неговите мошти се извршија многубројни чуда. Свети Андреј, кнез смоленски
Од љубов кон Христа ја напушти светската слава и чест, се скри во еден манастир и преоблечен и непознат служеше како еклисијарх (клисар) триесет години. Се упокои во Господ мирно во 1390 година. Моштите му беа преку чудотворство пронајдени во 1540 година.
Ново на Сител
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
