-->
-->
Денеска е Св. маченици Маркијан и Мартириј
-->
Денеска Св. маченици Маркијан и Мартириј.
По смртта на цар Константин, на римскиот престол дојде Констанциј, неговиот син. Тој се имаше приклонето кон ариевата ерес.
Во тоа време аријанците успеаа да го сменат правоверниот цариградски патријарх Павле и на негово место да доведат епископ-аријанец. Овие Маркијан и Мартириј служеа во време на Павле во соборната црква.
Аријанците прво се обидоа да ги потплатат и да ги привлечат кон себе, а кога овие одбија, ги осудија на смрт. Свети Маркијан и Мартириј пострадаа маченички за Христа во 355 година. Подоцна, свети Јован Златоуст изгради црква врз нивните мошти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Легендарната Лада Нива не се предава: Новиот модел пристигна во продажба за околу 12.000 евра
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
