Македонија
23. July 2016 - 10:33

Денеска е Св. 45 Никополски маченици

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јули.

Денеска е Св. 45 Никополски маченици.

Овие 45 маченици, меѓу кои се спомнуваат имињата на Леонтиј, Маврикиј, Антониј, Александар, пострадаа за време на римскиот цар Ликиниј, во 319 година. Пострадаа во градот Никопол. Беа фрлени во оган, а остатоците во реката Ликос. Сепак, моштите им испливаа на брегот на реката. Некои христијани ги зедоа и чесно ги погребаа, а подоцна тука беше подигнат храм во нивна чест.