Денеска е Спасовден: Жени внимавајте на вашите мажи и деца, забрането е ова
Православните верници денеска на 17 мај го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.
За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.
Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.
На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.
На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.
И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел за да ги избрка лошите демони.
Во некои краеви жените и децата не се мијат на овој ден, додека мажите не се бричат.
Девојките денеска треба да зберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гатање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.
Ново на Сител
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
