-->
-->
Денеска е Преподобен Теофан Исповедник
-->

Теофан се родил во осмиот век. Потекнувал од аристократско византиско семејство, кое било некаков род со имераторот Константин Копроним.
Татко му умрел рано, па Теофан бил оставен на грижа на императорот. Не сакајќи да ја жалости мајка му, кога дошло време тој се оженил со една девојка од виден род.
За негова среќа, Господ му дал за жена сродна душа, и самата насочена кон Бога.
Тие живееле честит живот среде суетата на дворот, а кога им се дала прилика двајцата стапиле во манастир.
Свети Теофан набрзо се прочул по својот добродетелен живот и околу него се собирале и други љубители на подвижничкиот живот. Пострадал заради исповедањето на правата вера во времето на царот Лав Ерменец.
Бил заточен на островот Самотраки, каде и се упокоил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
