Денеска е Преподобен Исакиј Далматски
Овој Исакиј во четвртиот век беше монах-пустињак некаде на Истокот. Кога слушна за ереста на Ариј што го брануваше главниот град на империјата, ја остави пустината и дојде во Константинопол да учествува непосредно во борбата против аријанците. Во тоа време во Константинопол царуваше Валент. Кога овој се подигна со војска против Готите, Исакиј неколку пати го предупредуваше да ја ослободи црквата од ариевата ерес и најпосле му прорече дека ќе погине во борбите, што и се случи. А кога на тронот дојде Теодосиј Велики, кој слушна за ова пророштво, го повика при себе Исакиј и му се поклони. Во Цариград некој велможа му изгради манастир на Исакиј, каде светителот се подвизуваше до крајот на животот. Пред смртта му ја предаде управата на манастирот на некој Далмат, по кого и самиот манастир беше наречен Далматски. Свети Исакиј се упокои мирно во 383 година.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани