Денес славиме светица која спиела со друга жена

Девојка со машка храброст. По смртта на нејзината мајка татко ѝ посака да се замонаши.
Но Марија не сакаше да се раздели од својот татко, па по договор обајцата се упатија во еден машки манастир, и тоа Марија со потсечена коса и во машка облека, како момче. Умре татко ѝ, а Марија се замонаши како машко и го доби името Марин.
Во близина на манастирот имаше гостилница и ќерката на гостилничарот се загледа во божемниот монах Марин и откако неуспешно го искуша, го обвини овој монах за недопустлив однос со неа, а таа со некого зачна и роди син. Марија не се бранеше, па беше понижена и избркана од манастирот. Со туѓо дете на рацете проживеа пред портите на својот манастир три години трпејќи глад и студ и секаква мака и немаштија. По ова ќерката на гостилничарот полуде, а наскоро потоа Марија умре.
Дури по смртта се дозна дека т.н. монах Марин бил женско.
А кога лудата ќерка на гостилничарот се допре до моштите на Св. Марија, оздраве и потоа го призна својот страшен грев. Св. Марија се упокои и се пресели во бесмртната радост во 508 година.
Православните верници денес ги слават и Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски; Свети Алексиј, митрополит Московски; Преподобна Марија; Свети Антониј, патријарх Цариградски; Света Калија.
Ново на Сител
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
-

Лицата со ретки болести бараат континуитет во терапијата
-

Радев апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Муцунски: Честитки за Радев - очекуваме соработка
-

СДСМ: Се потешко се живее, а владата не презема ништо
-

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ работи за партии во други држави
-

Казахстанскиот министер за интеграции во посета на Македонија
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
