Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата С.З. (24) од Кочани А.О. (42) од Штип Т.Д. (53) од Делчево, М.Л. (55) од Ресен, Д.Т. (50) од Скопје, В.Б. (26) од Тетово, Е.К. (46) од Струга и В.М. (46). од Охрид, заради сторено кривично дело – „безобѕирно управување со возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.
Имено, најпрво вчера во 15.40 часот на магистрален пат Кичево- Гостивар полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.К. којшто со патничко возило „Мерцедес“ го управувал возилото со брзина од 145 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина била 60 км/ час.
Истиот ден во 22.50 часот на регионален пат Желино- село Сиричино, полициски службеници од Полициската станица за безбеденосен сообраќај Тетово, ги лишиле од слобода М.Л. од Ресен кој управувал патничко возило „Рено“ под дејство на алкохол (кај него биле измерени 1.68 промили алкохол во крвта).
Денеска, пак, во 00.40 на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово лишен од слобода бил В.Б. од Тетово кој управувал патничко возило „Ауди“ со измерени 1.79 промили алкохол во крвта. Исто така денеска, во 00.00 часот на автопатот Куманово-Скопје, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т. од Скопје, кој што на истиот автопатот, управувајќи товарно возило „Тојота“ предизивикал сообраќајна незгода помеѓу пет возила, во која нема повредени лица, а при преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,58 промили алкохол во крвта.
Полициски службеници од ОВР Кочани по истиот основ денеска околу 02.55 часот на улицата „Доктор Николиќ“ во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода С.З. кој што управувал патничко возило „Фолксваген пасат“ под дејство на алкохол, односно имал 1,89 промили алкохол во крвта. Во Штип, пак, на улицата „Кирил и Методиј“ во 01.56 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.О. кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф“ со измерени 1,68 промили алкохол во крвта, а во 02.15 часот на улицата „Крушевска“ во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д. кој што возел патничко возило „Хонда“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,71 промили алкохол во крвта.
И последниот денешен случај во 09,28 полициски службеници од ПС за БПС Тетово кај клучката Камењане на патот Тетово-Гостивар, го лишиле од слобода В.М, кој што управувал патничко возило „Пасат“ со брзина, според радарското мерење, од 158 километри на час наспроти дозволените 80 километри на час. Против сите нив, по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
