„Ден на читателот“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, утре напладне ќе се одржи манифестацијата „Ден на читателот“ посветена на читателите во Република Македонија.
Како што информираат од Библиотеката, подготвена е програма чија цел е е да го поттикнеме интересот за читање, за купување или позајмување книги, како и желбата да се посети некоја од библиотеките во Македонија.
- Во таа насока, а во чест на „Денот на читателот“, секој што ќе дојде да го проследи настанот, но и сите учесници во програмата, ќе добијат по една вредна книга како подарок, најавуваат од Националната и универзитетска библиотека.
Манифестацијата ќе ја отвори Иван Заров, директорот на НУБ, а посетителите ќе можат да проследат повеќе содржини како претставување на првиот број на списанието за промоција на издавачката дејност - „Издаваштво“ и соопштување на резултатите од Конкурсот за необјавени песни и поетско читање.
Предвиден е и мотивациски говор на Коста Петров како еден од најчитаните современи творци во Македонија насловен „Како да ја креирате сопствената најдобра верзија“.
Петров, кој минатата година го доби признанието Најчитан автор за 2015 година, ќе ја додели наградата Најчитан автор за 2016 година во јавните библиотеки во Македонија.
Како што посочуваат од НУБ, најчитаниот автор се одредува во соработка со јавните библиотеки во Македонија кои им испраќаат списоци со пет автори чии книги биле најчесто позајмувани во нивните библиотеки. вг/вј/09:04
Ново на Сител
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
