Демонтрации во Атина против забраната за носење буркини во Франција

Антирасистички организации и мигрантски заедници во центарот на Атина организираа митинг во знак на протест против намерата на француската Влада да го забрани носењето на костими за капење-буркини и против исламофобијата, информира грчкиот весник „Катимерини“.
Демонстрантите изведоа и прошетка до француската амбасада, а за тоа време улиците околу амбасадата беа затворени за моторни возила, пренесува БТА.
-З абраната на буркини им го одзема на луѓето правото на избор, рече лидерот на движењето „Обединети против расизмот и фашистичката закана“, Петрос Константину.
Во демонстрациите учествувал и полугол маж со пароли против исламофобијата, напишани по телото.
Во прошетката се вклучиле претставници на пакистанската заедница во Грција, на Сојузот на муслимани во земјата, на египетската и на сенегалската заедница и на грчката заедница од Бангладеш.
Ново на Сител
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
