Демонстранти во Белград со „жив синџир“ ја опколија зградата на Претседателството

Демонстранти во Белград денеска по 13.00 часот почнаа да прават „жив синџир” околу зградата на српското Претседателство во обид да го спречат српскиот претседател Александар Вучиќ да го напушти објектот.
Претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојзуот за Србија, Бошко Обрадовиќ, денеска изјави дека се собрале пред Претседателството на Србија да го повторат барањето за оставка на целиот државен врв и дека РТС треба да му се врати на граѓаните на Србија и дека на опозицијата и организаторите на протестот „Еден од петте милиони” да им се дозволи да зборуваат во вечерните вести на РТС.
Тој рече дека на српскиот претседател Александар Вучиќ нема да му дозволат да излезе од зградата на Претседателството.
– Денес сме тука за да го испратиме, и да му порачаме -оставка, оставка, оставка, рече Обрадовиќ и ги повика жителите на Белград да им се придружат на демонстрантите пред Претседателството.
Тој рече дека „Вучиќ е опколен” и дека тој може само да излезе од зградата низ „глувчешки канали”.
– Ова е добар народ кој има лоша власт. Мора заедно да ја ослободиме Србија, нагласи Небојша Зеленовиќ, претседател на Заедно за Србија.
Драмскиот писател Синиша Ковачевиќ реќе дека Александар Вучиќ „веќе не е претседател“ и дека тие „ќе го известат за тоа“.
-Вучиќ веќе не е претседател, само тоа не му го кажале. Ние ќе го известиме за тоа, нагласи Ковачевиќ.
Пред Претседателството се голем број полицајци и голем број граѓани кои ја опколија зградата. На камион со разглас се менуваат говорници. Демонстрантите извикуваат – Оставка, Уапсете во Вучиќ…
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
