Свет
13. January 2016 - 8:33

Демонстрации во Сао Паоло по најави за поскапување на билетите за градски превоз

Солзавец и шок бомби користеше полицијата во Сао Паоло во немирите кои почнаа на протестот поради зголемувањето на цените на градскиот превоз.

Полицијата соопшти дека се уапсени осум демонстранти.

На протестите имаше повеќе од три илјади демонстранти организиран од Движењето за бесплатни билети кои од 2013 година организираат автивладини протести ширум Бразил.

Протестот се одржа откако градоначалниците на Сао Паоло и Рио де Жанеиро најавија зголемена цена на билетите за градски превоз.