Демократскиот сојуз го повика „Самоопределување“ да ја соборат Владата на Харадинај
Потпретседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Љутфи Хазири го повика движењето „Самоопределување“ да ја соборат Владата на премиерот Рамуш Харадинај.
Гостувајќи во емисијата „Дебата“ на косовската државна телевизија, тој ја коментираше работата во изминатите 100 денови, оценувајќи дека таа ништо не направила.
- Владата предводена од Харадинај не работеше колку што треба. Главните опозициски партии треба да поднесат барање за интерпелација за да ја собориме оваа Влада. Демократскиот сојуз и Самоопределување ќе изгласаат недоверба, 100 денови се доволни, изјави Хазири.
Според него, откако ќе изминат 100 денови, оваа влада не смее да остане ниту еден час повеќе.
Тој посочи дека актуелната Влада ветила дека ќе најде решение за големи прашања и приоритетни проблеми, но оти тоа не го реализирала, дури не доставила во Парламентот закони за решавање на истите, алудирајќи на демаркацијата на границата со Црна Гора.
Во косовскиот Парламент овие две партии имаат 58 пратеници. На јунските парламентарни избори Самоопределување настапи самостојно, додека Демократскиот сојуз во коалиција со Алијансата за Ново Косово и Алтернатива.
Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли се откажа од коалицијата и со своите тројца пратеници успеа да му овозможи на Харадинај да формира влада.
Партијата на Харадинај беше дел од коалицијата ПАН, во која беа Демократската партија и Иницијативата за Косово. Коалицијата освои 39 пратенички места, која со десетте пратеници на Српска листа и исто толку на другите немнозински заедници, го немаа доволниот број гласови во 120-члениот парламент, што го обезбедија со пратениците на Пацоли.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот