Демократски сојуз: Комисијата да не преговара за историски прашања поврзани со ОА
Демократскиот сојуз смета дека Мешовитата Македонско-Бугарска Комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.
Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на Македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е Македонска или Бугарска е рамно на велепредавство.
Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел),да биде разрешена и изберат во истата историчари ,резистентни на политичко влијание.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
