„Демократска Бугарија“ е против предвремени избори и бара подолготраен парламент
Групата„Демократска Бугарија“ во новоизбраниот бугарски парламент одлучи да работи за постојан парламент, а не за нови предвремени избори. Ова за БНТ го соопшти претседателот на пратеничката група Христо Иванов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Христо Иванов смета дека нивната партија треба да работи на таков начин што 45-тото Национално собрание ќе го реализира мандатот и побара да се бараат долгорочни решенија и да се надминат разликите за нивно решавање.
Според него, главната цел на политичката формација е да се обезбеди владеење на правото. Според Иванов, дали проектот на „Демократска Бугарија“ за измени во бугарскиот устав ќе ги собере потребните 60 потписи од пратениците кои ќе бидат доставени на разгледување, ќе биде најважната линија за разграничување на овој парламент и ќе утврди дали ова Национално собрание има шанса да работи подолго или не.
Ново на Сител
-

Поранешен командант на талибанците осуден во САД на 42 години затвор
-

Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол
-

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
-

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Под седиштата и во фабричка шуплина на автобус шверцувале пури во вредност од 4.000 евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
