Демократите подготвени да го отповикаат Трамп за две злоупотреби
Демократските претставници во американскиот Конгрес денеска треба да изнесат две формални обвиненија против претседателот Доналд Трамп, и во брза постапка да свикаат гласање за негово отповикување.
Елиот Енгел, претседател на Одборот за надворешни работи, синоќа изјави дека законодавците планираат да ги објават предметите за импичмент денеска на брифинг за новинарите.
Се очекува да бидат презентирани два предмета за отповикување на Трамп, еден за злоупотреба на службената положба и друг за опструкција на Конгресот.
Демократите во Конгресот го обвинуваат Трамп дека задржал испорака на критична воена помош во висина од 391 милиони долари за Украина, земја соочена со воена агресија од страна на Русија, со услов до украинскиот претседател Володомир Зеленски да отвори истрага за Џо Бајден, политички ривал на Трамп, и можен противкандидат на претседателските избори во 2020 година.
Според Џејми Раскин, демократ и член на Одборот за правосудство, конгресната истрага укажа дека злоупотребите на Трамп зазеле две критични насоки: „внесување на странски влади во нашата политика за корупција на изборите“ и „дела за прикривање на злоупотребите со попречување сведоци, сокривање докази и обиди за запирање на функционери да сведочат.“
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста