Македонија
5. August 2015 - 17:10

Демографската слика за Македонија полека се менува

Жените се повеќе се одлучуваат да родат второ дете. Се подобрува демографската слика во земјава.Ако во  Во 2006-та стапката на феритлитет била 1,4 деца по жена, лани бележи зголемување за 15 отсо или 1,6 деца по жена.  Но овие податоци не се пресврет во демографскиот пораст. Македонија е далеку од минимумот од 2,1 дете по жена за проста репродукција која го одржува населението. Справувањето со белата чума и натаму останува еден од приоритетите на оваа влада. Демографкската политика и поддршката за многудетни семејства беше изгласано во 2008-та.

 Демографијата останува во врвот на нашите предизвици како држава. Иако, со солидни ефекти од превземените мерки во последните 7-8 години, кои што изненадија многумина скептици кои не веруваа дека било какви мерки на владата воопшто ќе вродат со некаков резултат, сеуште, ниската фертална база која не очекува во наредната деценија, е голем предизвик. Овој би рекол европски предизвик, кај мала нација има позастрашувачки ефекти, одколку кај големите нации. Загрижува воспоставувањето пракса на се подоцнежно стапување во брак на младите, што се одразува и на бројот на деца во семејствата.

Со зголемување на новородени деца, после повеќе децении има и пораст на бројот на првачиња во училиштата. Овој септември ќе има најмалку 1114 новозапишани деца во споредба со лани. Тоа се должи на прирастот на наталитетот во 2009-та и 2010-та.  Овогодинешниот раст е добар но не треба да биде сфатен како дефинитевен демографски пресврт. ПОради долгите децении на демографска рецесија и долгите децении на опаѓање на наталитетот без водење на било каква демографска политика сооченио сме со затворање на училишта, редуцирање на паралелки и долгогодишен пад на бројот на ученици. Доколку се направи споредба со бројот на основци  во 2000-тата и денеска, За 15 години имаме 60 ијади деца помалку или цели 24 отсто. Ако во 2000-таат имало 250 ијади основци сега се околку 190 ијади. Најзагрозени се центарлниот и источниот регион на земјава. Затоа овој сериозен проблем останува како еден од приоритетните прашања на оваа Влада, преку поддршка на многудетните семејства и промоција на семејните вредности.

 

Број на ученици основци

 2000 година 250 000

2015 година 190 000

 

РОДЕНИ ДЕЦА

2014 година      23 596 деца

2013 година        23 138 деца

1994 година 31 421 деца

Запишани правчиња

2008-2009  23 051првачиња

2011-2012    21 694првачиња

2012-2013 21 489првачиња

2013-2014   21 444првачиња

2014-2015 21 426првачиња

2015-2016 22 540првачиња

Родени деца