Демир Хисар го одбележува 2 Септември – Денот на ослободувањето
Општина Демир Хисар со повеќе програмски активности и свечености го одбележува 2 Септември, Денот кога пред 75 години е ослободен градот.
Според празничната програма, претпладнево во Демир Хисар, градоначалникот Марјанче Стојановски и повеќе делегации од градот ќе положат цвеќе пред споменикот на демирхисарските револуционери, а потоа ќе учествуваат на свечена седница на Советот на Општина Демир Хисар на која реферат за народноослободителната војна во Демир Хисар ќе презентира претседателот на Општинската организација на Сојуз на борци, Менде Солунчевски.
Општина Демир Хисар на Денот на празникот има востановена традиција и ќе додели награди и признанија за соработката со успешни здруженија на граѓани и поединци во тамошната локална самоуправа.
Ново на Сител
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд

