Македонија
31. August 2021 - 9:49

Делови од Кисела Вода, Шуто Оризари, Волково и Горно Соње утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Козјак“, „Локов“, „Георги Димитров“, „Народни херои“ и „Димо Хаџи Димов“ во Општина Кисела Вода утре од 9:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците „25“, „27“, „29“ и „100“, како и околните улици во село Волково, од 10:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „8“ во село Горно Соње, а од 10:00 до 14:00 часот корисниците од улицата „Пелагонија“ и околните улици, како и дел од корисниците од улицата „Брсјачка буна“ во Општина Шуто Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.