Делницата Градско - Неготино затворена за сообраќај
Делницата од Градско до Неготино денеска од 5:00 до 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај поради најавеното снимање на францускиот филм „А Фонд”.
Како што соопшти АМСМ, прекин на сообраќајот се очекува и во понеделник, на 2-ри ноември, на патот А2 Кичево-Охрид на делот меѓу Пресeка и село Врбјани, поради минирање. Сообраќајот ќе биде во прекин 15 - 20 минути помеѓу 14:30 - 16:30 часот.
Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати