Делегација од Словенска пошта ја посети Македонска пошта

Претставници од Словенска пошта денеска ја посетија АД Македонска пошта и се сретнаа со директорот Фаадис Реџепи.
Во состав на делегацијата, како што соопшти АД Македонска пошта, биле Маријан Освалд, директор за меѓународни односи и Франц Предикака, советник на менаџментот на Словенска пошта.
- На состанокот беа дискутирани повеќе теми, а посебен акцент беше ставено на искуството што ја има Словенската пошта и Царинската управа на Словенија во поедноставување на процедурите за царинење на пратките од интернет продажбата, се вели во соопштението.
Гостите изразиле подготвеност да настапуваат заедно со Македонска пошта на пазарот во Македонија и регионот со услугите на хибридна пошта. Реџепи од гостите побарал поддршка и стручна помош во користење на можностите и финансиските фондови што ги овозможуваат Светскиот поштенски сојуз PostEurop и Европската комисија. Договорено е во иднина да се издаде и заедничка поштенска марка.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
