Делегација од Сараево на средба во Град Скопје

Делегација од Град Скопје предводена од претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и заменик-градоначалникот на Град Скопје Борче Георгиевски, денеска во просториите на Советот на Град Скопје оствари работна средба со делегација од Сараево.
Делегацијата од Сараево во работна посета на Скопје, како што соопшти Град Скопје, е предводена од заменик-претседател на Советот на градот Сараево и потпретседател на комисијата за меѓународна соработка Миро Лазовиќ.
Миро Лазовиќ во име на делегацијата од Сараево се заблагодарил за одличниот прием во Скопје и изразил очекувања за успешната работна посета.
На средбата, како што соопшти Град Скопје, двете делегации разговарале на повеќе теми од областа на локалната самоуправа, а биле разменети и искуства во однос на функционирањето на советите на двата града.
Двете делегации се заложија за интензивирање на соработката во повеќе области, меѓу кои култура, образование, спорт, размена на искуства во функционирањето на јавниот превоз и меѓународната соработка, a било разговарано и за можноста за реализација за заеднички проекти.
На крајот од средбата, двете делегации се заложиле за интензивирање на процедурите за што поскорешно официјално потпишување на спогодбата за збратимување меѓу двата града.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
