-->
-->
Делегација на Вооружените сили на БиХ во посета на Скопје
-->

Во официјална посета на Република Македонија и Армијата престојува делегација на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, предводена од началникот на Здружениот штаб, генерал-потполковник Сенад Машовиќ.
Генералот Машовиќ денеска во Генералштабот и Министерството за одбрана ќе има средба со својот домаќин генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
За време на посетата, генералот Машовиќ, како што е најавено, ќе се сретне и со претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, а ќе ги посети Центарот за обука на пилоти, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и дел од армиските единици во касарната „Илинден“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
