Делегација на ПССЕ ќе го набљудува Вториот круг на претседателските избори

Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) предводена од Мари-Кристин Далоз (француската пратеничка од Републиканците-Народни партии) ќе го набљудува Вториот круг од претседателските избори, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Делегацијата на ПССЕ ќе и се приклучи на делегацијата на парламентарното собрание на ОБСЕ и на ОДИХИР.
Делегацијата во својата програма има предвидено да се сретне со претседателските кандидати и претседателот на ДИК пред набљудувањето на изборите.
За првиот круг од изборите, делегацијата на ПССЕ оцени дека тие „беа добро раководени, а основните слободи на собирање и изразување беа почитувани, а денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен“.
Сепак, според паневропската асамблеја, сé уште е многу потребна, сеопфатната изборна реформа. ПССЕ притоа побара „конструктивниот“ пристап да продолжи и во вториот круг и пошироко, со донесување на кохерентен изборен закон и со решавање на долгогодишните предизвици “.
Ново на Сител
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
