-->
-->
Делегација на ЕП ќе го оценува напредокот на Северна Македонија
-->

Седум претставници од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) предводени од естонскиот европратеник Туне Келам, ќе се сретнат со политичкото водство, опозицијата и претставниците на граѓанското општество.
Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, европратениците, исто така, ќе посетат проект финансиран од ЕУ, за да видат како европските фондови функционираат во практика, по што Туне Келам ќе даде изјава за медиуми.
Делегацијата на Комисијата за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) се состои од Келам (ЕПП), кој е и претседавач, романскиот европратеник Кристиан Преда (ЕПП), Кнут Флекенштајн (СД) од Германија, Хуан Фернандо Лопез Агилар (СД) кој е шпански европратеник, Бас Белдер (АЛДЕ) и Илхан Кјучук (АЛДЕ) од Бугарија и Томас Мезерикс од Партија на Зелените/ЕФА од Унгарија.
Во рамки на посетата на земјава, европратениците Флекенштајн и Кукан ќе остварат средба и со потпретседателот на Парламентот Весел Мемеди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација