Делегација на Демократскиот сојуз положи цвеќе пред вечното почивалиште на Гоце Делчев
Делегација на Демократскиот сојуз, предводена од претседателот на ДС, Павле Трајанов, денес положи цвеќе пред гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Идеите и делата на Гоце Делчев за самостојна и независна Македонија се вградени во кодот на сите Македонци, каде и да се.
Гоце е нашиот симбол за вековната борба на македонскиот народ за самостојна и демократска држава, каде без разлика на религиската или етничката припадност можат да живеат заедно, сплотени и обединети со мислата на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помеѓу народите".
Гоце оставил силни идеи и дела, затоа имаме должност да ги афирмираме и надоградуваме.
Павле Трајанов жали што немаше можност да даде изјава пред новинарите и што одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се одбележува под силно полициско обезбедување и што граѓаните не можеа слободно да се движат и да оддадат почит кон македонскиот великан.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
