Делегации од Финска и Шведска ќе пристигнат во Турција за да разговараат за кандидатурите за НАТО
– Делегации од Финска и Шведска денеска ќе пристигнат во Анкара за да разговараат со турските власти за членството на двете скандинавски земји во НАТО, објави „А Хабер“.
Според информациите, делегациите на двете земји ќе се сретнат со Ибрахим Калан, советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган и Седат Јонал, заменик министер за надворешни работи на Турција. Средбите ќе се одржат во Претседателската палата и во Министерството за надворешни работи.
Турција се спротивставува на кандидатурите на НАТО и Шведска за НАТО, обвинувајќи ги двете скандинавски земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички организации, вклучително и Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара, ЕУ и САД ја сметаат за терористичка организација. Покрај тоа, Анкара се залага за укинување на ограничувањата наметнати од двете скандинавски земји, како и нејзините сојузници во НАТО, за извоз на одбранбена опрема за Турција..
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце