Делчево наскоро со стратегија за енергетска ефикасност
Делчево изработува стратегија за енергетска ефикасност за период од три години која треба да помогне во заштедата на енергијата во сите јавни институции. Стратегијата ја изработува Регионалниот центар за застапување од Делчево со поддршка на Владата, а корисник е општина Делчево.
Тони Стоименовски од Регионалниот центар за застапување истакна дека овој докумеент ќе биде трет ваков документ во земјава изработен по препораките од Агенцијата за енергетика.
- Ова е тригодишен документ и ќе има неколку нивоа на одобрување вклучувајќи ја и Агенцијата за енергетика, Советот и Градоначалникот. Исто така, предвидени се и четири обуки во кои ќе учествуваат претставници од повеќе општински институции и засегнати граѓани заради партиципативното учество на граѓаните, рече Стоименовски.
Тој додаде и дека овој стратешки документ ќе значи и појдовна основа при изработката на техничката документација на сите јавни институции за да ги направат своите објекти енергетски ефикасни.
-Ќе ги предвиди мерките за енергетска ефикасност на јавното осветлување, објектите на училиштата, градинката, Спомен домот АСНОМ, но ќе има и препораки до граѓаните кои во општината имаат околу 6.000 приватни објекти, рече Стоименовски.
Стратегијата треба да биде готова за еден месец по што ќе следува одобрување од Агенцијата за енергетика.
Во Делчево досега неколку институции самостојно работеа на проекти од енергетската ефикасност. Детската градинка „Весели цветови“ е комплетно енергетски ефикасна, а на тој пат е и деветолетката „Ванчо Прке“.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба