Делата од колонијата „Кавадарци-Михајлово 2016” за поплавените во скопско и тетовско
Во галеријата на кавадаречкиот дом на култура „Иван Мазов- Климе” синоќа беше затворена ликовната колонија „Кавадарци-Михајлово 2016”, со изложба на уметничките дела насликани во рамките на традиционалната манифестација. На колонијата 70 ликовни уметници создадоа 160 дела.
- Средствата од продажбата на сликите насликани во рамките на колонијата, ќе бидат донирани за поплавените семејства од невремето кое беше на почетокот на овој месец во скопско и тетовско, соопшти пред присутните Владимир Темков, директор на Домот на културата.
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов се заблагодари на уметниците кои твореа и компаниите кои ја помогнаа колонијата, но и на сите хумани луѓе кои со купување на уметничко дело, помагаат за настраданите.
- За надминување на последиците од елементарната непогода се потрудија многу екипи и хумани граѓани од Кавадарци кои им помагаа на семејствата кои настрадаа од поплавата. На располагање таму беше и механизација од нашето комунално претпријатие, рече Панов, посакувајќи настраданите семејства што побрзо да се опорават.
Ново на Сител
-
ОЈО поднесе обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД