Делата од „Карпино“ изложени во Кочани
Во Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани денеска е отворена изложба на ликовни дела од ликовната колонија „Карпино 2016“ која минатата година се одржа во Куманово.
На отварањето на изложбата присуствуваа претставници од Мултимедијалниот центар „Карпино“ од Куманово, ликовни творци и љубители на ликовната уметност од Кочани.
- На изложбата во Кочани има 17 дела од вкупно 30-те создадени на колонијата. Нив во повеќе видови техники ги создадоа ликовни уметници од Бугарија, Романија, Србија и Македонија, изјави Зоран Павловски, претстедател на Мултимедијалниот центар „Карпино“ од Куманово.
Раководителот на Ликовниот салон при Центарот од Кочани Александра Димитрова ја истакна соработката со Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ и редовната презентација на создадените дела на ликовна изложба во Кочани.
Делата од колонијата „Карпино“ досега биле изложени во Куманово и Виница, а по презентацијата во Кочани ќе бидат изложени и во Кавадарци и Пробиштип. Во Кочани изложбата ќе биде отворена до 5 мај годинава.
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25