Балкан
2. November 2017 - 20:44

Дел од опозицијата повторно бара да се гласа за недоверба на хрватската Влада

Дел од хрватската опозиција денеска во Саборот поднесе барање за гласање недоверба на Владата на Андреј Пленковиќ.

Претседателот на највлијателната опозициска партија СДП, Давор Бернардиќ изјави дека  неговата партија има одговорност да го  „расчисти корупцискиот октопод“.

На прашањето колку расправата би имала смисла со оглед на тоа што опозицијата не може да собере 76 гласови за отповикување на Владата, Бернардиќ нагласи дека тие ги штитат интересите на граѓаните.

Тоа не е првпат да се гласа за довеба на Владата на Пленковиќ.