Македонија
28. јуни 2016 - 17:59

Дел од Центар утре без вода

Корисниците од улиците  „9 Мај“, „Борка Талески“, „Роза Луксембург“, „Петар Поп Арсов“ и „Васил Стефановски“ утре ќе останат без вода.  

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улицата „9 Мај“ во населбата Центар. Приклучувањето ќе почне во 8 часот.