-->
-->
Дејвис куп: Сигурни 3:0 против Ерменија
-->
Тениската репрезентација на Македонија со максимални 3:0 ги почна мечевите од Третата Европска зона од Дејвис купот што се играат во Талин, Естонија. Во дуелот од првото коло од групата Б Македонија ја победи Еремнија, а победите ги донесоа Томислав Јотовски и Димитар Грабул.
Во првиот меч Грабул го победи Микаел Качатрјан со 6:4 и 6:0 во сетови, додека Јотовски беше подобар од Микаел Аветисјан со 6:4 и 6:2 во сетови. Во играта во двојки Грабул и Јотовски ги победија Аветисјан и Хенрик Никогсјан со 6:1 и 6:4 во сетови.
Иако, победата беше обезбедена по мечевите во сингл селекторот Дејан Маринковиќ се реши во двојки да играат Јотовски и Грабул, за да се навикнат на подлогата (хард) за решавачкиот дуел во групата со Република Ирска во петок.
Попладнево во мечот од второто коло Македонија ќе игра против Албанија, која вчера загуби од Република Ирска со 3:0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче