Тенис
4. April 2017 - 12:30

Дејвис куп: Македонија доби противници по мерка

Нашите најдобри тенисери денеска ги дознаа противниците во Дејвис купот на турнирот од  третата Евро-африканска зона во Созопол, Бугарија.Противници на Македонија се  Исланд, Молдавија и Малта на турнирот од

 
Нашата селекција се најде во групата Б доби убави противници и има реални шанси за освојување на првото место. По тоа следува баражот, каде што главната цел ќе биде влез во втората Евро-африканска зона.
 
За  Македонија во Созопол ќе играат Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Шендрит Деари. Првиот натпревар, „црвено-жолтите" го играат веќе утре и тоа против Молдавија.
 
ГРУПА А: Ерменија, Бугарија, Грција
ГРУПА Б: МАКЕДОНИЈА, Исланд, Малта, Молдавија
ГРУПА Ц: Сан Марино, Албанија, Луксембург, Лихтенштајн
ГРУПА Д: Андора, Косово, Ирска, Црна Гора