Дејвид Соломон останува сам на чело на Голдман Сакс

Банкарскиот гигант Голдман Сакс денеска неочекувано информираше дека ко-претседателот Харви Шварц се повлекува од компанијата, еден недела по оставката на генералниот директор на банката Лојд Бланкфеин.
Со тоа, како единствен претседател на чело на Голдман Сакс останува Дејвид Соломон, кој е и најверојатниот иден генерален директор на банката.
Соломон и Шварц беа именувани за ко-претседатели на Голдман Сакс во 2016 година. според „Вол Стрит Џурнал“, во февруари одборот на банката ги разгледал двете кандидатури и се решил Соломон да биде идниот директор, по повлекувањето на Бланкфеин.
Шварц доаѓа од трговското одделение на банката, додека Соломон е долгогодишен директор на одделението за инвестициско банкарство. Во изминатите десетина години, раководството на Голдман Сакс доаѓаше главно од трговското одделение, и поради тоа најавата за именување на Соломон на чело на банката навестува и нова поставеност во приоритетите на банката.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
