Дејвид Бекам сака да позајмува козметика од сопругата Викторија
Поранешната членка на бендот Спајс Грлс (Spice Girls) Викторија Бекам се докажа како модна дизајнерка, а од неодамна таа има и своја линија на козметика која е дизајнирана од страна на престижната куќа на Ести Лаудер.
Викторија Бекам (42) тврди дека производите се толку добри што ги користи и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (41).
- Тоа воопшто не ми пречи, особено затоа што гледам дека ги сака моите омилени „мачкалици“. Изгледа подобро и помладо, едноставно блеска, коментира Викторија.
Таа додаде дека Дејвид е најзаслужен за нејзиниот успех, затоа што го чува нивното четврто дете додека таа патува поради работата. Поранешниот фудбалер обожува да го поминува времето со неговата најмлада ќерка Харпер (5), а нивните заеднички моменти често ги споделува на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип