Џет-Сет
16. September 2016 - 13:09

Дејвид Бекам сака да позајмува козметика од сопругата Викторија

Поранешната членка на бендот Спајс Грлс (Spice Girls) Викторија Бекам се докажа  како модна дизајнерка, а од неодамна таа има и своја линија на козметика која е дизајнирана од страна на престижната куќа на Ести Лаудер.

Викторија Бекам (42) тврди дека производите се толку добри што ги користи и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (41).  

- Тоа воопшто не ми пречи, особено затоа што гледам дека ги сака моите омилени „мачкалици“.  Изгледа подобро и помладо, едноставно блеска, коментира Викторија.

Таа додаде дека Дејвид е најзаслужен за нејзиниот успех, затоа што го чува нивното четврто дете додека таа патува поради работата. Поранешниот фудбалер обожува да го поминува времето со неговата најмлада ќерка Харпер (5), а нивните заеднички моменти често ги споделува на социјалните мрежи.