Балкан
6. July 2015 - 8:41

Дејселблум: Резултатите од референдумот во Грција се достојни за жалење

Преседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум изјави дека резултатите од вчерашниот референдум во Грција „се достојни за жалење“ и оти министрите за финансии на еврозоната утре ќе разговараат за ситуацијата.

- Таквите резултати се достојни за жалење од гледна точка на иднината на Грција. За обн ова на грчката економија неизбежни се тешки мерки и реформи, посочи Дејселблум.