-->
-->
Дехари со очет пред кичевската дијаспора во Швајцарија
-->

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари синоќа во Швајцарија се сретна со претседателот на Здружението „Кичево”, Гафур Шербет, како и со кичевци кои живеат и се на привремена работа во ова земја.
Дехари пред присутните кажа дека поголемиот број проекти што беа предвидени се завршени или се при крај и ќе се сработат во првата година од неговиот втор мандат, а се однесуваат на инфраструктурата.
– Не случајно оваа посета ја остварувам на годишнината од мојот втор мандат меѓу вас драги мои кичевци, бидеќи вие и покрај тоа што живеете и работите во оваа земја јас сум убеден дека со срце и душа сте во Кичево, во вашите родни огништа, рече Дехари.
Тој пред присутните изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи заедно со соработниците да работи за подобрување на условите за живеење во Кичево.
– Ве поканувам да дојдете и да инвестирате во родниот крај. Во Кичево веќе имаме две слободни економски зони со потребна инфраструктура која нуди идеални услови да отворите свои бизниси или да ги проширите тие што веќе ги имате отворено, особено сега кога земјата е многу блиску до зачленување во НАТО алијансата и набрзо ќе започнат и преговорите за зачленување во ЕУ. Јас сум убеден дека ова сега е убава можност за да се инвестира во родниот крај , ние како општинска администрација сме подготвени да помогнеме во подготовка на потрбната документација за да ви ја олесниме процедурата, рече меѓу другото Дехари.
Синоќа беше одржана и културно уметничка програма на која настапија децата на кичевци кои се родени таму, а со љубов ги негуваат културните традиции и обичаи од своите предци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски од Бутел: По 30 години полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа
-

Десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта поради скандал со злоупотреба на деца
-

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
-

До крајот на неделата сончево, максималната температура над просекот
-

Затекнати 14 малолетници во локал после полноќ, приведена 45-годишна жена која го изнајмила просторот во Куманово
-

Еден во кома: Неколку млади Белгијци хоспитализирани по пушење е-цигари од „домашно производство“
-

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум
-

Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај
