-->
-->
Дефект на топловодна мрежа на улица „Васил Главинов“, се излеа вода на тротоарот
-->
Дефект на топловодната мрежа предизвика излевање на топла вода на тротоарот и дел од коловозот на ул. „Васил Главинов“, број 3. Заради санација на дефектот беше направен ископ кој опфати дел од тротоарот, соопштија денеска од Балкан Енерџи Груп.
Екипите на БЕГ се на терен и забрзано работат на санација на дефектот. Според проценката, санацијата на дефектот ќе се изврши во најкраток рок по што нормална испорака на топлинска енергија, согласно режимот на испорака.
Оттаму информираат дека топлиноносителот кој се излеал на улицата е деминерализирана вода без хемиски додатоци.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури
-
Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп