-->
-->
Дедо со „рено“ се судри со полициско возило, повредени полицајка и 78-годишникот
-->
Вчера во 08.35 часот било пријавено дека на крстосница од регионален пат Велес – Скопје, со локален пат од с.Марино кон с.Идризово се случила сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(78) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.
Според информации на МВР, во несреќата со телесни повреди се здобиле полициска службеничка која била сопатничка во возилото „шкода јети“ и возачот на „рено“, В.К., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош.
Увид извршила екипа СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата